Уште две лица починале од последиците од заразата со новиот тип на вирусот на птичји грип во Кина, со што бројот на починати сега се искачи на шест, соопшти кинеската државна агенција Синхуа.Досега во Кина се регистрирани вкупно 14 случаи на зараза. Последните два смртни случаја се случиле во средата во Шангај. Локалните доктори тврдат дека вирусот не се пренесува лесно меѓу луѓето и дека нема страв од епидемија.Новата сорта на вирусот на птичји грип е наречена Х7Н9(лат.H7N9). Овој тип на вирусот никогаш не е пронајден кај луѓето. Симптомите на заразата се висока температура и кашлица, кои се развиваат во запаление на белите дробови.Не е познато на кој начин жртвите се заразени со новиот тип вирус, против кој засега нема вакцина.
МакфаксУште две лица починале од последиците од заразата со новиот тип на вирусот на птичји грип во Кина, со што бројот на по