Кинеската фудбалска федерација, со доживотна суспензија од фудбалот, поради вмешаност во местење на натпревари, казни 33 лица.Меѓу казнетите се и поранешните челници на Кинеската федерација, Нан Јонг и Сије Јалонг, на кои претходно поради корупција им беа изречени затворски казни. Меѓу суспендираните се наоѓа и потпретседателот на фудбалскиот клуб Далијан, Су Хонг.Кинеската федерација најави дека клубовите кои биле вмешани во аферата со местење на натпревари во 2003 година, Тијанжин Теди и Шангај Шенхуа ќе бидат казнети парично со по 160.000 долари, а ќе им бидат одземени и бодови во наредната сезона.Исто така федерацијата на Шангај му ја одзеде титулата освоена во 2003 година.
Макфакс Кинеската фудбалска федерација, со доживотна суспензија од фудбалот, поради вмешаност во местење на натпре