Тајна единица на кинеската армија стои за серијата хакерски напади од висок профил низ светот, објави во вторникот американска компанија специјализирана за информатичка безбедност.
Компанијата „Mandiant” ангажирана за совети од областа на информатичката безбедност од страна на американската влада, открила преку повеќе стотици истраги во последните три години дека организациите кои на интернет ги хакирале страниците на американската администрација, американските компании и весниците „имаат седиште главно во Кина, како и дека кинеската влада во целост е запознаена со нивните активности”.
Од американската компанија тврди дека зад нападите стои „Единицата 61398„ којашто е во составот на кинеската армија и нејзиното седиште е во Шангај.
„Време е да се прифати дека тие закани доаѓаат од Кина и мораме да ги подготвиме стручњаците како успешно да се борат против таа закана”, соопштија од „Mandiant”.
Од компанијата тврдат дека „Единицата 61398″ украла стотици терабајти податоци од најмалку 141 организација во светот од 2006 година досеа. Поголемиот број жртви на овие напади се од САД, а помал број се од Кина и од Велика Британија.
Mакфакс
Тајна единица на кинеската армија стои за серијата хакерски напади од висок профил низ светот, објави во вторникот аме