ВОEНИТЕ БРОДОВИ НА КИНА ТРГНАА ВО АКЦИЈА: Во состојба на готовност, со СИТЕ сили ќе ја бранат татковината

Кина се соочува со зголемени тензии во регионот

Кинеската војска ќе спроведува рутински патроли со своите поморски и воздушни сили во Јужното Кинеско Море од среда до четврток, соопшти јужната команда на Народноослободителната војска.

Невремето без струја го остави целиот дебарски регион
Невреме со обилен дожд, ветер и силни електрични празнења, вечерва го зафати Дебарско, што услови прекин во напојувањето со елетрична енергија на целото дебарско конзумно подрачје. …
Иран ги активира новите напредни центрифуги: „Сега ќе можат да направат неколку нуклеарни бомби“
Иран денес најави дека ќе активира нови напредни центрифуги, кои го збогатуваат ураниум за нуклеарната програма на земјата, откако Обединетите нации го критикуваа Иран поради недостатокот …

Војниците на кинеската армија ќе бидат во постојана готовност во таа област и, како што велат, ќе го бранат националниот суверенитет, безбедноста и поморските права.

Патролите, исто така, имаат за цел да ги одвратат активностите што ја нарушуваат ситуацијата во Јужното Кинеско Море и создаваат „жешки точки “, соопшти јужната команда на кинеската војска на својот профил WeChat, пренесува Ројтерс. Неодамна, Кина се соочува со растечки тензии во регионот , особено со Филипините .

Пекинг, според весникот Кинески народ, ги обвини Филипините дека се потпираат на американската поддршка за континуирано да ја провоцира Кина, што Манила подоцна го негираше.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.