Кипар кој е тешко погоден од финансиската криза и му се заканува банкрот, настојуваше во четвртокот, под притисокот на европскиот ултиматум, по секоја цена да го спречи крахот и стечајот на своите банки, благодарејќи на планот Б кој ги штити малите штедачи, но него уште мора да го одобри и Европската унија.Кипарската централна банка во четвртокот навечер предложи да се пристапи кон реструктуирање на банкарскиот сектор на кој му се заканува банкрот.„Таа процедура на консолидација дека ќе се отстрани опасноста од стечајот на банките и во целост ќе се заштити сите осигурени влогови до 100 илјади евра“, рече гувернерот на кипарската централна банка Паникос Деметриадес.Главните финансиери од еврозоната горливо заговараа заштита на банкарските депозити до 100 илјади евра, по гневните реакции кои ги предизвика првиот предлог според кој штедните влогови до овој износ требаше еднократно да бидат оданочени со 6,75 отсто, а поголемите од оваа сума со 9,9 отсто, а кои меѓутоа ги поддржуваа во текот на викендот.Кипарскиот претседател Никос Анастадиадес во четвртокот навечер се сретна со своите министри и претседателите на политичките партии во претседателската палата во главниот град Никозика за да биде донесен тој план Б, откако кипарскиот парламент го отфрли предлогот за оданочување на влоговите.Новиот план предвидува и формирање на фонд за солидарност за кои уште точно не се знае како ќе изгледа.Европските институции и Меѓународниот монетарен фонд, вториот доверител на оваа најмала земја членка на Европската унија, треба да го одобрат тој план кој треба да го потврди принос од 7 милијарди евра што Кипар ќе го исплати во замена за нивна помош во износ 10 милијарди.Првиот план од минатата сабота предвидуваше да се соберат 5,8 милијарди евра со досега преседанот кога станува збор за мерките со кои се решаваа даночните кризи во земјите членки на еврозоната – данокот на заштедите и банкарските сметки, но тој уште во вторникот го отфрли кипарскиот парламент.Во очекување на решените, сите кипарски банки се затворени од 16-ти март, а ќе бидат до идниот вторник (26-ти март), а сторнирани се и онлајн трансакциите.„Кипарските власти мораат до вторник да сторат три нешта: да изнесат веродостоен и спроведлив план Б кој ќе го замени планот за спасување што го отфрли парламентот, ќе воведе долгорочна блокада на капиталот во банките и да го подгoтви обединувањето на двете најголеми банки во тешкотии“, изјавил за AFP европски извор кој сакал да остане анонимен.Доколку тоа не го сторат, Кипар би можел да излезе од еврозоната, предупредил соговорникот на агенцијата.Планот Б треба да му овозможи на Кипар, силно изложена и зафатена од грчката криза и економската рецесија, да го спречи крахот гарантирајќи ја стабилноста на своето стопанство, Тоа главно се темели на туризмот и странските вложувања, имајќи го предвид фискалниот режим склон кон претприемништвото.
МакфаксКипар кој е тешко погоден од финансиската криза и му се заканува банкрот, настојуваше во четвртокот, под притисо