Кирил Лазаров: Партиите се гнезда на рекет, треба да реагира обвинителството

Рекетарите и нивното дувло за криминал, објави сериозен статус како реакција на пресудата за Талир 2 и одземањето на имотот на партијата ДПМНЕ

Кирил Лазаров информираше дека му се вршени притисоци и правен е обид за рекет:

И, јас сум стопанственик кој дирекно и индирекно ми се вршени закани од политичката партија ВМРО ДПМНЕ, со констатна медиумска хајка кон мене и фирмата НИКОБ која е 25 години на пазарот, со најголем број на клиенти и најголем број на вработени со домашен капитал.

Денеска сме сведоци за два интезивни настани, една судска пресуда и една коалициска пресуда, но имаат еден заеднички именител, ВМРО РЕКЕТ ДПМНЕ.

Константен рекет на една мафијашка матрица (исклучок се големиот број чесни членови) без разлика дали се на власт или опозиција, пристапот, стилот и политичкото битисување на оваа партија се заоснова само на рекет, закани и уцени.

Јавното обвинителство треба да отвори истрага по допрен глас за изјавата на Стефчо Јакимовски, градоначалник на Карпош дека стопанственици се рекетирани од Христијан Мицковски. Шемата е иста, и таа е ГРУЈОВА, во спротивно ако нема кеш во плико, закана за одмазда кога ќе се дошло на власт. Кое политичко дно, која деструкција и насилство е концентрирано во врвот на ВМРО ДПМНЕ.

И, јас сум стопанственик кој дирекно и индирекно ми се вршени закани од политичката партија ВМРО ДПМНЕ, со констатна медиумска хајка кон мене и фирмата НИКОБ која е 25 години на пазарот, со најголем број на клиенти и најголем број на вработени со домашен капитал.

Ако се дрзнале кон мене и мојот крупен капитал, се дрзнале кон сите останати.

Јавна тајна е дека сите градоначалници на ВМРО ДПМНЕ имаат добиено насока никој да не соработува со фирмата НИКОБ, само затоа што НИКОБ ги спушти цените на ПЦР тестовите и им го намали профитот на лаборатории кои се во роднински врски со врвот на ДПМНЕ.

Јавно го повикувам Мицковски да престане да ми се заканува, никој не му се плаши, и никој не му е крив што можеби сакал да се омрси од Делчевските кримоси кое го опљачкаа и ЕВН.

Засега толку за рекетарите, а сега за нивното дувло или бела палата. Конечно правдата која истата важеше и за Зеќири да важи и за нив. Да се одземе тој центар на криминал, граден на криминален начин со рекетарска шема кон газдата на Бетон АД Скопје. А, извршителите да внимаваат да не ги изнесат скапите лустери, оти нив им лепи раката за се и сешто.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.