Кифлички со бадеми, чоколадо и брусници

Потребни состојки:
280 г брашно
100 г мелени бадеми
80 г шеќер
1 јајце
1 ванилин шеќер
180 г путер
1 и пол лажичка прашок за печиво
30 г сечкани брусници
30 г сечкано чоколадо
За одозгора
Шеќер во прав
2 кесички ванилин шеќер
Начин на подготовка:
Соединете ги сите состојки и замесете го тестот за да добиете соединета смеса. Оставете ја на ладно околу 30 минути. Вклучете ја рерната да се загрее на 190 степени. Од смесата земајте мали парчиња од тестото со големина на ореви.
Потоа обликувајте месечинки и ставете ги во тава обложена со хартија за печење. Печете ги 15 до 18 минути и додека се топли извалкајте ги во шеќер во прав и ванилин шеќер.
Откако ќе се изладат, послужете ги.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.