Кија Коцкар не бираше зборови за да ги понижи и навреди Луна и Анабела, па сега добива закани дека ќе биде претепана!

На Кристина Кија Коцкар почнале да и пристигнуваат закани по изјавата дека Луна Ѓогани му се нудела за секс за нејзината поранешен сопруг, Слободан Радановиќ, па ако победи во “Задруга 2”, тоа ќе биде најголемиот срам и брука за Србија.
Во многуте закани кои по оваа изјава Кија ги добива, меѓудругото непознати лица и се заканувале дека ќе ја сочекаат и претепаат.


“Таа прима пораки по телефон со заканувачка содржина. И пишуваат дека таа нема право да зборува во јавноста се’ и сешто и дека треба да се застане на патот. Да се чува и внимава затоа што некој ќе ја сочека и ќе ја скрши од ќотек. Наводно, се работи воглавно за фанови на Луна Ѓогани. Кија досега го занемаруваше тоа, но бидејќи пораките станаа се почести и побрутални, таа сериозно мисли да оди во полиција и се’ да пријави“ – изјавил извор близок до пејачката.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.