Клаудија Кардинале пристигна на “Браќа Манаки“

Вечерва по повод свеченото отворање на 39-от Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола пристигна легендарната актерка Клаудија Кардинале.
Ѕвездата на годинешново издание на Фестивалот допатува со својата ќерка, а гостите ги пречекаа директорката на фестивалот, Гена Теодосиевска и уметничкиот директор, Благоја Куновски – Доре.

Италијанската актерка вечерва ќе прошета до Центарот за култура по црвен килим, каде свечено ќе и биде врачена наградата за особен придонес во светската филмска уметност, „Златна камера 300“.
Во Битола синоќа заедно со сопругата Изабела пристигна и Роџер Дикинс, лауреатот на „Златна камера 300“ за животно дело.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.