Клубот од Северна Ирска, Линфилд потврди дека во свои редови има фудбалер, кој е заразен со коронавирус.
Линфилд не објави за кој фудбалер станува збор, но информацијата предизвика хаос во клубот и создаде паника меѓу навивачите.
„Еден од нашите фудбалери доби позитивен тест на коронавирус. Клубот побара совети од докторите за да преземеме конкретни мерки“, соопштија од екипата.