Книга на жалост ќе биде отворена во ОУ „Јохан Хајнрих – Песталоци”

Во моментот менаџментот на училиштето во соработка со повеќе психолози се подготвува за денешниот ден со цел обезбедување поддршка за учениците и комуникација со нив на начин со кој сите полесно ќе го пребродат овој трагичен настан, се вели во соопштението од Општина Центар.


Во основното училиште „Јохан Хајнрих – Песталоци” утре ќе биде отворена книга на жалост по повод смртта на 14-годишната Вања Ѓорчевска која исчезна во понеделникот, а вечерва Министерството за внатрешни работи соопшти дека е пронајдено нејзиното тело.

– Со огромно жалење, скршени од болка за прерано згаснатиот живот на Вања, ве информираме дека утре, од 09:00 часот, на службениот влез на училиштето ,,Јохан Хајнрих – Песталоци” ќе биде отворена книга на жалост. Ги повикуваме блиските и сите граѓани кои сакаат да оддадат почит да дојдат да се потпишат. Во моментот менаџментот на училиштето во соработка со повеќе психолози се подготвува за утрешниот ден со цел обезбедување поддршка за учениците и комуникација со нив на начин со кој сите полесно ќе го пребродат овој трагичен настан, се вели во соопштението од Општина Центар.

Оттаму се бара целосно расветлување на случајот во најкус можен рок и одговорност од извршителите. Се повикуваат граѓаните да останат обединети и да не подлегуваат на шпекулации.

– Градоначалникот Герасимовски и сите вработени во Општина Центар изразуваат најдлабоко сочувство до семејството и блиските на Вања. Извршителите на овој грозоморен чин мора да одговараат во најкус рок, ги повикуваме институциите да го расветлат целосно случајот. Апелираме и до граѓаните да останат обединетив во овие тешки моменти и да не подгреваат шпекулации. Нека и е светол патот на Вања, ваква трагедија никогаш повеќе да не се повтори, се наведува во соопштението од Општина Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.