Ковачевски: Благодарение на Мицкоски денес и вчера во Брисел ни се повтори Букурешт 2008 година

Премиерот Димитар Ковачевски денеска од Брисел порача дека како никогаш досега постои подготвеност за проширување на ЕУ, но дека сепак се потврди дека „единствен кочничар на земјава е анти-ЕУ и анти-НАТО и проруската коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Левица“.

Римските броеви на градскиот часовник во Битола
 Градскиот часовник во Битола, најмаркантното архитектонско обележје на градот, културно историски споменик со непроценлива вредност, континуирано е најпривлечната локација за туристите од светот. Фотографиран од секаков агол и во секое време од денот …
„Сите би ги отпуштила од работа, административци“, вели поранешната антикорупционерка Ивановска
„Сите би ги отпуштила од работа, административци“, вели поранешната антикорупционерка Ивановска! „Да бев премиер, ја по автоматизам сите би ги отпуштила од работа, администрацијата“, вели Билјана Ивановска, поранешна шефица на антикорупциската комисија. Кога …

– Нашите граѓани можат да се уверат дека со овие политичари ќе бидат лишени од можноста забрзано да се приклучат на прогресивното европско семејство и како изгледаше 2008 година. Тогаш беше во Букурешт, а вчера и денес беше во Брисел, рече Ковачевски во изјава за медиумите.

-Нека им служи на чест на сите овие партии и политичари, а на граѓаните на ум и сами да проценат кој за каква иднина за државата се бори, истакна премиерот.

-Во 2008 година имаше други ваши колеги кои беа сведоци на тоа што се случи во Букурешт, денес вие сте сведоци што се случи во Брисел и кој е виновник за таквата ситуација, им порача Ковачевски на присуните македонски новинари.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.