Ковачевски се пофали:  Вчера беше голем ден за цела држава, потпишани се договори за проекти од 32,5 милиони евра за општините

Граѓаните заслужуваат поддршка за решавање на инфраструкурните проекти, а јас како премиер и министрите во Владата ќе направиме се, без разлика на тоа кој ги води општините, односно кој градоначалник на која политичка партија и припаѓа, да им помогнеме, изјави премиерот Димитар Ковачевски за време на денешната посета на Битола.

Истражување за загадување на воздухот во училишта и градинки во пет општини: Во просек, за речиси двапати се надминати препораките на СЗО
  Истражување за квалитетот на воздухот во јавните училишта и градинки спроведено во пет општини (Гостивар, Струга, Куманово, Струмица и Кавадарци) покажало дека сличен е проблемот како и со амбиентниот …
Скопјани се жалат на загаден воздух, медицински лица велат заштитни маски не се решение
  Скопје деновиве повторно е на листите на најзагадени градови во светот. Воздухот е загаден и во други градови, а граѓаните апелираат надлежните да преземат соодветни мерки. Попладнево на листата …

Претседателот на владата потврди дека финансиските средства за општините веднаш ќе бидат исплатени за да може да почнат постапките за реализација на општинските проекти.

-Вчера беше голем ден за државата бидејќи се потпишаа договори за реализација на општински проекти со средства кои се добиени со прераспределба од централниот буџет, односно од министерствата во износ од 32,5 милиони евра и ќе ги користат општините што имаат подготвени проекти. Граѓаните заслужуваат поддршка за решавање на инфраструкурните проекти, а јас како премиер и министрите во владата ќе направиме се, без разлика на тоа кој ги води општините, односно кој градоначалник на која политичка партија и припаѓа, да помогнеме. Граѓаните и градовите ќе бидат поддржани, а финансиските средства веднаш исплатени, за да може да почнат постапките за нивна реализација.Финансиските средства се од буџетот, односно од граѓаните за граѓаните, посочи Ковачевски.

На новинарско прашање во врска со иницијативата за зголемување на цената на водата во Битола, Ковачевски одговори дека барањето на Општина Битола е нереално.

-Минималната и максималната цена на водата ја определува Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги. А, тоа што Општина Битола го бара е нереално, и ставот на советничката група на СДСМ во Општина Битола е исправен. Ние како партија докажавме дека со домаќинска работа, како што тоа е со цената на струјата, успеавме да не се случи ценовен шок за граѓаните. Тоа што го гледаме во општините, а најголемиот број на градоначалници во општините се од ВМРО ДПМНЕ, каде има зголемување од 150 до 300 проценти на комуналните услуги, алудира на недомаќинско работење и на постојано зголемување на цените, истакна Ковачевски.

На прес -конференција во Битола, министерот за транспорт и врски Благоја Бочварски ги отфрли обвинувањата од Општина Битола дека како што беше речено, ги кочи инфраструктурните проекти.

-Во Битола иведувачите се постојано на терен и во координација со Министерството за транспорт и врски и Општина Битола, а со цел инфраструктурните проекти да завршат и да не се направи проблем на туристичката сезона. На Општина Битола и дадовме 110 милиони денари за проекти, овозможивме реконструкција на улици во вредност од над 500 илјади евра, и да се каже дека министерството ја кочи работата на општината, во најмала мера е политиканство. Но, политиката треба да биде настрана, а граѓаните гледаат кпј што работи во оваа држава, нагласи министерот Бочварски.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.