За првпат во последниве 20 години е забележано глобално намалување на бројот на жртви на трговија со луѓе за време на неодамнешната пандемија поради ограничувањата на Ковид-19, се вели во извештајот на Канцеларијата на ОН за дрога и криминал (UNODC).
„Ограничувањата на движењето и деловните операции поврзани со пандемијата можеби барем привремено ги намалија некои форми на трговија со луѓе, вклучително и трговијата со луѓе со цел сексуална експлоатација и прекугранична трговија, се вели во Глобалниот извештај за трговија со луѓе 2022 година.
Се додава дека намалувањето на бројот на жртви за 11 отсто во голема мера е забележано во земјите со низок и среден приход, каде што правдата, социјалните и здравствените системи се мачеа да се справат со пандемијата.
Највисокото намалување е забележано во источна Азија и Пацификот со 59%, а потоа следат северна Африка и Блискиот Исток (40%) и Централна Америка и Карибите (36%).
Според извештајот, најмногу жртви на трговијата со луѓе биле жени- 42%, додека 23% биле мажи и 35% деца.
Жртвите се потпираат на „самоспасување“
Повеќето жртви се самоспасувани (41%), се вели во извештајот, додавајќи дека успеале да побегнат и самоиницијативно да стигнат до властите бидејќи одговорите против трговијата со луѓе не успеваат.
Само 28% од жртвите биле спасени од институциите за спроведување на законот, 11% од заедницата или непознати лица, 10% со првични активности од семејството на жртвата, 9% од други институции или граѓанско општество, а 1% биле спасени со други акции.
„Ова претставува алармантен резултат имајќи предвид дека многу жртви на трговија со луѓе можеби не се идентификуваат како жртви“, се нагласува во извештајот.
Пронајдете не на следниве мрежи: