Спортскиот директор на Рома, Тиаго Пинто испрати порака до Николо Заниоло, вели дека фудбалерот треба да се подзамисли малку окако добил понуди само од Борнмут и Галатасарај.
Николо Заниоло минатиот месец побара да си замине од Рома, се пишуваше дека интерес пројавуваат клубови како Тотнем и Милан, но конкретна понуда пристигна само од Борнмут.
Италијанецот не сакаше трансфер во клуб кој се бори за опстанок во Премиерлигата, па го одби предлогот. И кога се чинеше дека Николо Заниоло ќе дреме на трибини до крајот на сезоната, Галатасарај тропна на вратата и успеа да го донесе фудбалерот во своите редови.