Кое е значењето на трикови во хотелската индустрија коишто ги збунуваат гостите?

Секој од нас сака да влезе во хотелска соба, којашто е совршено исчистена, отпадоците се фрлени и чаршавите се блескаво бели и чисти. Но, во хотелите има и некои чудни трикови со коишто се служи персоналот, а ги збунуваат гостите. Во продолжение, прочитајте го значењето на 10-те популарни бизарни трикови коишто се користат во хотелската индустрија.
Која е улогата на дупките во кантите за отпадоци во хотелите и рестораните?
Сигурно некогаш сте забележале дека е тешко да извлечете преполна кеса од корпата за отпадоци, бидејќи се заглавува во неа. Поради тоа, вработените во услужните дејности смислиле интересно решение на овој проблем, коешто е практично за примена во секојдневниот живот. Сè што е потребно, за да не се заглавува ќесата во корпата е да избушите неколку дупки на нејзиното дно. На овој начин, циркулира воздухот и се спречува ефектот на вакуум, поради којшто вреќите се заглавуваат. Овој метод им помага на хигиеничарите во хотелите и рестораните, едноставно и брзо да го земат и исфрлат ѓубрето.

 Зошто во наткасната покрај креветот стои примерок од Библијата?
Оваа традиција започнала при крајот на 19-от век, а ја започнала христијанската асоцијација Гидеонс Интернешнл. Нејзината мисија е да го прошири Божјиот збор ширум светот, па поради тоа решила да испрати копија од Библијата во хотелите низ САД, за гостите да можат подобро да се запознаат со Светото Писмо. Во денешно време Куранот, Тората, па дури и Уставот на САД може да ви бидат донесени во хотелската соба, по ваше барање.


Зошто ќебињата во хотелските соби се толку тесни?
Поконкретно тие се нарекуваат креветски шалови и нивната намена е да ги покријат долните делови од креветот. Ова е широко распространет тренд во хотелската индустрија. Прекривките за кревет не се погодни за често перење, поради што се избегнува нивното користење во хотелите од хигиенски причини. Креветските шалови коишто се за три пати помали од прекривките, заштедуваат голем дел од буџетот на хотелите, а тоа им одговара на сопствениците дури и на најлуксузните хотели.
Зошто ставаат две сламки во коктел наменет за еден човек?


Пијалаците коишто се служат со многу коцки мраз, обично се послужуваат со две сламки. Причината за тоа, е што мразот испливува на површината и создава блокада, којашто го спречува навлегувањето воздух во долниот дел од чашата. Ова го отежнува процесот на шмукање со една сламка. Поради тоа, пијачката се служи со две сламки при што втората го деблокира влегувањето на воздухот во дното на чашата, па пиењето на вашиот омилен коктел е олеснето.


Зошто ги вметнуваат рабовите од јорганите под душеците?
Овој метод на местење на креветот се нарекува „коверт“, а во хотелите е пренесен од страна на војската. Тој спречува рабовите од јорганите да висат надолу и да се валкаат по подот, поради што креветите изгледаат многу поуредно. Исто така, има уште едно објаснување за овој трик. Во минатото, кога хотелите немале централно греење креветите на хотелските гости биле загревани со помош на шишиња со топла вода, а „ковертот“ овозможувал задржување на топлината.

Зошто собарките ги виткаат рабовите од тоалетната хартија во хотелските тоалети?
Кое е значењето на овие 11 необични трикови во хотелската индустрија коишто ги збунуваат гостите?
Во хотелската индустрија, завиткувањето на почетниот дел од тоалетната ролна се смета за хигиенска работа. Овој трик, им овозможува на гостите да констатираат дека никој не го користел тоалетот после чистењето на собата и треба да го откинат овој дел од хартијата, којшто го допрела само собарката. Во некои хотели, виткањето на тоалетната хартија е претворено во вистинска уметност, како на фотографијата погоре.Дали некогаш во некој хотел сте забележале други чудни работи што не се спомнати во оваа содржина и сте ја откриле нивната тајна? Споделете со нас, во коментарите подолу.

Зошто сите хотелски кревети имаат бели чаршави?
Кое е значењето на овие 11 необични трикови во хотелската индустрија коишто ги збунуваат гостите?
Погледот кон снежно-белата постела во средината од хотелската соба, ни создава чувство дека собата е детално исчистена, дури и ако собарката само ги сменила чаршавите и не исчистила ништо друго. Се користат само бели чаршави, бидејќи тоа е поврзано со нашата психолошка перцепција за оваа боја, којашто нè асоцира на чистина. Воедно, белите чаршави се и попрактични, бидејќи нема потреба да се сортираат според боја пред перењето. Од истава причина и бањарките и крпите во хотелите, се секогаш во бела боја.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.