Американската кондиторска компанија Марс по висината на приходите од продажбата, е прва помеѓу најголемите произведувачи на чоколадо, на листата која ја објави Кенди Индустриз.
Марс во 2012 година остварил приходи од 16,8 милијарди долари, пишува Фигаро.
Тие имаат вработено околи 32.000 луѓе во вкупно 51 погон, а нејзини најпознати марки покрај чоколадите Марс се Баунти, Твикс, Сникерс и други.
На второ место е германскиот произведувач Мондлез Интернешанал, со популарното Милка чоколадо. Минатата година оваа компанија остварила приход од 15,48 милијарди долари.
Помалку познатиот Барсел СА, од мексичката група Бимбо, исто така е меѓународен “чоколаден гигант“ со приходи од 14 милијарди долари во 2012.
Швајцарската компанија Нестле се наоѓа на четвртото место со заработка од 12,8 милијарди долари во минатата година, а најдобриот резултат им донел Кит Кат. Следува јапонската компанија Меији, која реализирала 12,42 милијарди долари вкупна вредност, а после неа е компанијата Херши со 6,46 милијарди долари вкупна продажба во минатата година.
Италијанскиот „Ferrero“ го завзема седмото место на листата, со приходи од 5,62 милијарди долари минатата година, а успехот се должи на „Nutella“ и „Kinder“.
На осмото место е швајцарската група „Lind&Springl“ со 2,97 милијарди долари приходи во 2012 година, додека на деветото место е германскиот „Stork“, благодарение пред се на бонбоните и црните чоколатца. Оваа компанија оствари приход од 2,27 милијарди долари.
Листата ја заклучува турската компанија „Yildiz“ со 2,2 милијарди долари приходи, која во својата понуда има 83 различни производи, од бисквити до чоколатца, под брендот „Ulker“Американската кондиторска компанија Марс по висината на приходите од продажбата, е прва помеѓу најголемите произ
Пронајдете не на следниве мрежи: