Врските кои започнуваат со запознавање во дискотека или бар, најчесто завршуваат како минлива авантура, додека повеќе среќа имаат паровите кои се запознале на работа, покажува едно британско истражување во кое учествувале 2.000 луѓе.
Паровите кои се запознале на работа завршуваат во брак почесто отколку паровите кои се запознале на било кое друго место. Обајцата партнери најдобро знаат како другиот реагира кога е под стрес, што ги мачи и слично. Запознавањето некого на работа може да биде многу добро, бидејќи веќе имате нешто заедничко уште пред да се запознаете. Покрај тоа, овие парови поминуваат и најмногу време заедно. Својата врска ја претвориле во брак, дури 14% од паровите кои се запознале на работа, што е за 3% повеќе од оние кои се запознале преку пријател.
Дури 51% од паровите сметаат дека местото на запознавање е многу важно. Секој пети човек лаже за тоа каде го има запознаено својот партнер, затоа што се плаши дека врската ќе му биде осудена на пропаст токму поради околностите во кои се запознале. Дел од нив сакаат само нивната приказна да звучи интересно, а 17% од паровите лажат затоа што им е досадно постојано да ја раскажуваат истата приказна.
Најголеми шанси за брак имаат паровите кои се запознале:
преку работа
преку пријател
оние кои одамна биле пријатели
за време на студирањето
преку интернет
Најголеми шанси за раскинување имаат паровите кои се запознале:
во кафе-бар
во дискотека
на одмор
на домашна забава
преку колега од работа