Елтон Џон, легендарниот пејач, итно бил пренесен во болница вчера вечерта, откако колабирал во својата вила во Ница. Според извештаите, тој се наоѓа на ортопедскиот оддел на болничкиот центар „Принцес Грејс“ во Монако.
Неговите претставници за медиумите потврдија дека пејачот е хоспитализиран, а открија дека тој веќе е пуштен на домашно лекување утрово и дека се чувствува добро.
– Можеме да потврдиме дека, откако во неделата вечерта се падна во својот дом на југот на Франција, Елтон ја посети болницата од превентивни причини, изјавија неговите претставници, додавајќи:
„Елтон го поминува летото во својот дом на југот на Франција со сопругот Дејвид Фурниш и нивните синови, откако ја заврши турнејата во јули оваа година“.
Последен пат беше виден во јавноста на 22-ри август, на јахта во Сент Тропе.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.