Може ли сутлијашот да биде повкусеб отколку што е? О да!
СОСТОЈКИ:
180 грама брашно
75 грама шеќер
3 јајца
125 грама путер
350 грама вишни од компот
600 грама сутлијаш
2 лажици сок од вишни
3 лажици презла
сол
ПОДГОТОВКА:
Соединете ги брашното, путерот, шеќерот и едно јајце. Посолете и ставете во подмачкан огноотпорен сад. Избоцкајте со вилушка, посипете со презла и нанесете вишни.
Со миксер изматете 2 јајца, сок од вишни и 600 грама сутлијаш. Истурете ја смесата во подмачкан огноотпорен сад и печете 40 минути на 200 степени.
Тортата ја сечеме на парчиња и послужуваме. Посипете со шеќер во прав.