Како што се зголемуваат температурите, полека ќе почнеме да ги одбегнуваме тешките и преслатки десерти, па затоа денес ви споделуваме рецепт за овошен колач кој не само што не се пече туку е и неверојатно вкусен.
Потребни состојки:
320 грама бисквити
80 грама стопен путер
230 грама боровинки и капини (или други бобинки)
230 грама маскарпоне
1/3 чаша шеќер
2 лажички екстракт од ванила
240 милилитри шлаг
1/4 чаша млеко
1 лажичка желатин
Начин на подготовка:
- Сомелете ги бисквитите во блендер, па измешајте ги со растопениот путер и префрлете ги во калап со дијаметар од 24 см.
2.Оставете ги во фрижидер 30 минути или во замрзнувач 15 минути.
3.Изматете го шлагот и оставете го во фрижидер.
4.Подгответе го желатинот според упатството.
5.Во блендер измешајте боровинки и капини, додајте маскарпоне, шеќер, млеко и екстракт од ванила и повторно мешајте додека сè се соедини.
6.Додадете го желатинот во овошниот крем и прелијте го врз смесата.
7.Оставете го десертот најмалку четири часа во фрижидер.
8.Декорирајте со боровинки, капини и цветови. На здравје!