Во летните месеци најмногу ги сакаме рецептите кои се подготвуваат брзо и лесно.
Потребни состојки:
300 г бисквити
500 г маскарпоне
500 мл слатка павлака
200 г бело чоколадо
200 г кокос
Малку млеко
Начин на подготовка:
Ставете ги бисквитите во млеко и наредете ги во тава со големина од 20х28 сантиметри.
Во сад додајте маскарпоне и растопено бело чоколадо. Изматете со миксер.
Изматете ја и слатка павлака во друг сад. Шлагот додајте го во подготвеното маскарпоне и полека мешајте со шпатула. Додајте кокос и соединете. Половина од кремот распоредете го над биксвитите. Остатокот од бисквитите ставете ги во млеко и наредете ги врз кремот. Преостанатиот крем наредете го врз бисквитите. Оставете го колачот во фрижидер за да се стегне.