Колку неработни денови и продолжени викенди ќе има во 2021 година?

Loading...

Согласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07), Министерството за труд и социјална политика информира дека во 2021 година неработни денови се:

За сите граѓани на РМ

  • 01 јануари (петок), Нова Година,
  • 07 јануари (четврток), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар,
  • 01 мај (сабота), Ден на трудот,
  • 03 мај (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар,
  • 13 мај (четврток), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам,
  • 24 мај (понеделник) Св. Кирил и Методиј, Ден на сесловенските просветители,
  • 02 август (понеделник), Ден на Републиката,
  • 8 септември (среда), Ден на независноста,
  • 11 октомври (понеделник), Ден на народното востание,
  • 23 октомври (сабота), Ден на Македонската Револуционерна Борба,
  • 8 декември (среда), Св. Климент Охридски,

За граѓаните од православна вероисповед

  • 06 јануари (среда), Бадник, ден пред Божик,
  • 19 јануари (вторник), Богојавление (Водици),
  • 30 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден,
  • 18 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден,
  • 28 август (сабота), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

За граѓаните од католичка вероисповед

  • 05 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден,
  • 01 ноември (понеделник), Празникот на сите светци,
  • 25 декември (сабота), првиот ден на Божик.

За граѓаните од муслиманска вероисповед

  • 20 јули (вторник), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам,

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ

  • 22 ноември (понеделник), Ден на Албанската азбука,

За граѓаните припадници на српската заедница во РМ

  • 27 јануари (среда), Свети Сава,

За граѓаните припадници на ромската заедница во РМ

  • 08 април (четврток), Меѓународен ден на Ромите,

За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ

  • 23 мај (недела), Национален ден на Власите,

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ

  • 16 септември (четврток), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур,

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ

  • 28 септември (вторник), Меѓународен ден на Бошњаците,

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ

  • 21 декември (вторник), Ден на настава на турски јазик.
loading...