Додека многумина сè уште не ја разбираат популарноста на социјалната мрежа TikTok, креаторите на оваа платформа заработуваат сериозни пари.
Иако TikTok е најпопуларен меѓу помладата популација, тој има содржина за сите возрасни групи. Оние кои успеваат да заинтересираат што поголем број луѓе со своите кратки видеа ги привлекуваат корисниците на оваа мрежа да сакаат да ги гледаат нивните нови клипови, односно да се претплатат на нивниот канал.
Повеќе претплатници значи поголема шанса за заработка, а најпопуларните успеаја да го претворат престојот на оваа платформа во сериозен бизнис.
Според веб-страницата IZEA, популарноста на тиктокерите е поделена во неколку категории, а секоја од нив носи различна просечна сума на пари што сопствениците на каналите можат да ја побараат од компаниите кои се заинтересирани да платат за клипови во кои го споменуваат или користат нивниот производ или услуга:
До 10.000 следбеници – до 1.105 долари по спонзориран клип
До 50.000 следбеници – до 1.600 долари по спонзориран клип
До 200.000 следбеници – до 3.500 долари по спонзориран клип
До 500.000 следбеници – до 5.000 долари по спонзориран клип
До 1.000.000 следбеници – до 5.800 долари по спонзориран клип
Како што бројот на следбеници се зголемува над 1.000.000 следбеници, така се зголемуваат и парите што тикторите можат да ги бараат од компаниите за спонзорирани објави, па со право се поставува прашањето – колку пари заработуваат најпопуларните тиктокери по спонзорирана објава?
За вас ја подготвивме топ 10 листата на тиктокери кои заработуваат најмногу од спонзорите:
The Rock – 39.320 долари
Domelipa – 40.000 долари
Loren Gray – 40.420 долари
Dixie D’Amelio – 42.570 долари
Kimberly Loaiza – 47.380 долари
Will Smith – 53.750 долари
Addison Rae – 65.200 долари
Bella Poarch – 66.830 долари
Khaby Lame – 92.270 долари
Charli D’Amelio – 105.770 долари.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.