КОЛКУ ЧИНИ стајлингот на Констракта за Евровизија?

Претставничката на Србија на Евросонг, Ана Ѓуриќ Констракта издвоила голема сума пари за својот настап на Евровизија.
Ана Ѓуриќ Констракта во четврток отпатува за Торино каде ќе ја претставува Србија на овогодинешната Евровизија. Таму ќе настапи во втората полуфинална вечер, која ќе се одржи на 12 мај, а многубројната публика е желна да го види настапот на жената која за многумина стана интересна „преку ноќ“.
Факт е дека многу се пишува и зборува за Констракта. Таа ја привлече домашната, балканската и светската јавност со својата необична харизма, но и со необичната песна со која ќе ја претставува Србија, како и со стајлингот за кој често се зборува

Ана еднаш откри дека купува облека на пазар бидејќи не се оптоварува со брендови и луксузни парчиња, но за евровизискиот стајлинг издвоила повеќе од 450 евра.
Ана на првата прес-конференција на Евровизија се појави во широки беж панталони чија цена е 200 евра. Но, поголемо внимание привлече маицата со извезениот „је * ига“, која чинела 20-на евра.
Покрај тоа, ја искомбинирала црвената чанта која ја носела околу половината, за која издвоила околу 190 евра, додека „боросанките“ ги зачувала за самиот настап (ги платила 40-на евра). Наместо нив, носела патики за кои платила околу 45 евра, пренесува мондо.рс.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.