Во кругот на индустриската зона во Струмица вчера во 10:45 часот товарно возило “Мерцедес спринтер“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Р.А. (40) од Прилеп, удрило во пешакот Н.Д. (69) од Струмица. Од здобиените повреди Н.Д. починал на лице место.
Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Струмица.