Комисија за заразни болести: „Мерки мора да има вака работата не оди“ – седницата закажана за утре

Видеата кои ги видовме на социјалните мрежи од забавите организирани во неколку локали низ земјата како и непочитувањето на мерките во истите тие објекти, но и зголемувањето на бројката на новозаразени во вклучи алармот кај Комисијата за заразни болести за повторно воведување на дел од рестриктивните мерки за угостителските објекти. Членови на Комисијата за заразни болести, на утрешната седница на која ќе присуствува и министерот за здравство Венко Филипче, дефинитивно ќе има воведување на нови рестриктивни мерки за подрачјето на Скопје.
– Мерки ќе мора да има, зашто вака работата повеќе не оди, изјави за „Слободен печат“ директорот на ЦЈЗ Скопје и член на Комисијата за заразни болести Александар Стојанов.


Тој додаде дека деталите ќе бидат познати по седницата на Комисијата.
ОД она што засега се знае дека дека во предвид доаѓаат ограничувања на работното време на угостителските објекти каде навечер нема “игла каде да се фрли”, а во кои посетителите не носат заштитна опрема и каде се собираат големи групи на граѓани.


Угостителските објекти тешко се зауздуваат, а ноќниот живот во Скопје и во градовите од внатрешноста се одвива без протоколи.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.