Компании Carlsberg ја зголеми добивката, отстапи од прогноза поради неизвесноста

Loading...

Данскиот произведувач на пиво Carlsberg извести во понеделникот дека му е зголемена добивката во четвртиот квартал од годината, а поради неизвесноста на пазарот отстапи до среднорочната прогноза.

Оперативната добивка на групацијата пред еднокраните ставки пораснала во четвртото тримесечје на 2,15 милијарди дански круни (384,79 милиони долари). Во истиот период од претходната година добивката изнесувала 1,83 милијарди круни.Вкупните приходи во четвртото тромесечје пораснале на 15,93 милијарди круни, од 14,85 милијарди колку што изнесувале во истиот период во 2011 година.Четвртиот по големина светски производител на пиво истакнува дека во 2012 година западноевропскиот пазар бележи пад од еден до два отсто, (доколку се изземе Полска падот би бил три отсто. Продажбата во Русија стагнирала, додека во Азија продолжува да расте.Компанијата се откажа од среднорочната прогноза, делумно поради несигурноста на пазарите, а процени дека во оваа година оперативната добивка благо ќе порасне, на околу 10 милијарди круни (1,79 милијарди долари) од 9,8 милијарди колку што изнесуваше во 2012 година.Прилагодената нето добивка за 2013 година би требало да порасне од пет до шест отсто.За 2013 година Carlsberg Group очекува динамиката на пазарот на пиво во сите три клучни региони да биде слична на оваа во 2012 година.
Макфакс
Данскиот произведувач на пиво Carlsberg извести во понеделникот дека му е зголемена добивката

loading...