Кому му е посветена песната „Мики, мики мој!?” Политичар бил големата љубов на Лепа Брена

Лепа Брена, југословенската музичка дива и Слободан Боба Живојиновиќ, поранешна тенисерска ѕвезда, со години се во хармоничен брак. После толку години тие сè уште се тема за разговор на Балканот.

Сепак, пред да се заљуби во Боба, Брена сакала некој кој подоцна станал познат на јавноста. Пред да го запознае Боба Живојиновиќ, Лепа Брена била вљубена во Мирко Крлиќ, кој подоцна извесно време бил заменик и претседател на собраниската Комисија за култура и информирање – пишува Глоси.

По нивното раскинување, тој изјави дека нивната врска се случила во првата половина на осумдесеттите, кога Брена веќе била голема југословенска ѕвезда, а тој бил диџеј во родниот Зрењанин.

– Точно е дека Лепа Брена ми беше девојка долго време и дека се сакавме. Но, тоа е веќе минато и сега сме само добри пријатели – рече Мирко.

Тогаш се пишуваше дека пејачката се омажила за новинарот Ратко Кнежевиќ, а Крлиќ.

– ,,Не бев изненаден кога беше објавено дека се Брена се омажи. Затоа што одамна знам за нејзината желба да има семејство. Додека бевме заедно често ми велеше:

-„Мирко, мојата најголема желба е да основам сопствено семејство, постојано ме прогонува помислата дека славата еден ден ќе помине, а јас ќе останам сама“.

Никогаш не можеше да се ослободи од тој страв, затоа што постојано беше одвоена од нејзините родители, кои живеат во Брчко – рече тој.

Знаејќи за оваа врска, пејачот и композитор Зоран Василиќ за Брена ја напиша песната „Мики мој“, чиј текст гласеше „Еј, Мики, Мики мој, имаш убаво тело, имаш одлична фигура, поради тебе, Мико, ќе го изгубам гласот“.

Мирко подоцна се ожени и доби четири ќерки, а една од нив решила да се занимава со музика, Тара Крлиќ, членка на женскиот поп бенд ,,Бети Буп” од Зрењанин.

Пронајдете не на следниве мрежи: