Кошаркарите на Универзитетот Конектикат ја одбранија шампионската титула во NCAA лигата, откако во финалето на завршниот турнир што се играше на стадионот во Глендејл во Аризона, го совладаа универзитетот Пердју со 75:60 (36:30).
Најдобар од победничкиот тим во финалето беше Тристен Њутон со 20 поени, 7 асистенции и 5 скока, а играчот во првата година Стефон Касл додаде 15, додека најдобар универзитетски играч кај Пердју во сезоната на овој меч беше 224 сантиметри високиот канадски центар Зак Идеј со 37 поени и 10 скока, но ја немаше поддршката од соиграчите.
Средбата беше изедначена во првото полувреме, во кое екипите наизменично се менуваа во водство, но на крајот од тој дел од играта Конектикат веќе успеа да се одлепи за на самиот почетокот од вториот дел да создаде двоцифрена предност која до крајот на мечот не ја испушташе.
За Коненктикат ова е втора последователна шампионска титула, а оваа ја освоија уште подоминантно од лани. Лани во шесте натпревари на завршниот турнир победија со просек од 20 поенин разлика, а најмалата разлика изнесуваше 13, додека годинава победуваа со просек од 23,33 поени, а најмалата разлика изнесуваше 14 коша.
Така, Конектикат стана првиот универзитет кој освоил две последователни титули по Флорида, која славеше во 2006 и 2007 година, а ова е негова шеста титула NCAA во историјата, откако ги освои сите шест по 1999 година (1999, 2004, 2011, 2014, 2023, 2024 година).
Пердју, од друга страна, остана на една шампионска титула на NCAA освоена во 1932 година, односно пред формирањето на завршниот турнир. Откако финалето на NCAA се игра во овој формат, ова беше втор настап на универзитетот во финалето и втор пораз, откако претходно го загуби финалето во 1969 година од UCLA.