Зошто се разликуваат позициите на премиерот Заев за „Монструм“ пред да седне во владејачката фотелја заедно со Ахмети и денес? Контрадикторните изјави на премиерот Заев пред три-четири години и сега, ја подгреваат тензијата кај семејствата на убиените момчиња и кај семејството на рибарот,но и кај јавноста. Зошто вистината се крие од нив? Им ли друга вистина како што зборуваше Заев во времето на неговите така наречени бомби? Зошто истрагата почнува од почеток, а нема ново обвинение, се анализира во емисијата на Катерина Гетева „Несомнено“.
Мајката на убиениот Александар пред само една недела во судница под целосна морална и кривична одговорност рече дека Заев им дал да слушнат само еден телефонски разговор во кој обвинетиот Фејзи Азири на непознато лице му раскажува сон. Според Наќевска Заев не им дал да ги слушнат другите телефонски разговори со образложение дека се државна тајна.
„Вечерва сонував еден многу лош сон како му ги врзував рацете на момчето, па плачев, па сега си велам да е се израдувам да не го довршив тој никаквец“
Заев им кажал дека ги обелодени сите разговори за да се чуела вистината.
Викендот Заев на прес конференција кажал дека броевите на функционерите на ДУИ не биле тајна и оти им ги покажал сите разговори на родителите кога биле кај него на Бихаќка.
И покрај тоа што Заев уверува дека се што имал им дал на СЈО, родителите на убиените деца на Велики Четврток се убедени дека во фиоките на СДСМ има уште разговори.
Горан Наќевски татко на убиениот Александар во изјава пред суд изјавил: „Бараме претрес да се изврши во седиштето на СДСМ. Тврдам дека тие транскрипти се таму. Бараме да не соочите со премиерот Заев, дека не лажеме и не измислуваме. Стражарно приведете го, ќе го почекаме.“
Семејствата на петмината убиени остануваат во агонија бидејќи како што велат политичкиот пазар Ахмети и Заев ја остави правдата со куси ракави.
Семејствата на убиените на последното рочиште кажала дека Заев им рекол дека возилото со кое се пренесувале извршителите на убиството било на МВР. Но, подоцна од блиски луѓе од МВР семејствата разбрале дека такво возило нема. Со што сите овие информации и нејасност ја подгреваат дилемата за тоа кога Заев ја говори вистината?
Во продолжение погледнете го видеото од „Несомнено“.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.