КОНТРАНАПАД: Русија отвори кривична постапка против обвинителите и судиите на Меѓународниот кривичен суд

Рускиот истражен одбор денеска соопшти дека отворил кривична постапка против обвинителите и судиите на Меѓународниот кривичен суд, кои во петокот издадоа налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин поради обвинение за воени злосторства.

КОНТРАНАПАД: Русија отвори кривична постапка против обвинителите и судиите на Меѓународниот кривичен суд

Одборот, кој е одговорен за истрага на сериозни злосторства, рече дека нема основа за кривичната одговорност на рускиот претседател Путин и дека шефовите на државите уживаат апсолутен имунитет од јурисдикцијата на странските земји.

Постапките на обвинителот на Меѓународниот кривичен суд покажуваат знаци на кривично дело според руските закони, објави Комитетот, посочувајќи дека станува збор за свесно обвинување на невино лице за злосторство и „подготвување напад на претставник на странска држава, кој ужива меѓународна заштита, со цел да се комплицираат меѓународните односи“.

Рускиот потег е симболичен гест на пркос како одговор на налогот за апсење на Путин, со кој тој и комесарот за правата на децата се обвинети за воено злосторство, депортирање деца од Украина во Русија.

Кремљ одлуката на Меѓународниот кривичен суд ја нарече нечуена, но правно неважечка, имајќи предвид дека Русија не е потписник на договорот со кој беше основан Меѓународниот кривичен суд.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.