Новиот коронавирус ќе ја загуби силата во текот на летото и, како што ќе поминува низ повеќе луѓе, повеќе нема да биде „нов“ за имунолошките системи и ќе се однесува како грипот, па дури и како обичната настинка, изјави поранешниот московски главен лекар за РТ.
Новиот коронавирус ќе стане помалку опасен откако ќе дојде летото, изјави за РТ заменик-директорот на Мечников институтот за истражување вакцини и серуми Николај Филатов.
„Микроорганизмите, како вирусите и бактериите, минуваат низ различни биолошки циклуси, за време на кои се менува нивното ниво на вирулентност и заразност. Респираторните вируси секогаш ‘одат во хибернација’ во текот на летото. Никој навистина не знае зошто тоа се случува“, рече тој.
Тој истакна дека во текот на летната сезона нема појава на респираторни инфекции, како грипот или аденовирусите, „без оглед на температурата или УВ-светлината“.
„Летото едноставно не е нивното годишно време и тие ‘одат да одморат’“, рече Филатов, додавајќи дека тоа не значи дека болеста ќе ја снема.
„Вирусот нема да исчезне некаде. Ќе остане во нашите организми. Ќе живееме со него, но тој нема да предизвикува никакви симптоми. Нема да предизвика покачување на нашата температура. Ќе помине преку нашиот имунолошки систем и ќе престане да биде нов вирус за човечката популација.“
Филатов е уверен дека дури и кога деновите во Русија ќе станат постудени наесен, нема да има епидемии на пневмонија предизвикана од ковид-19. Новиот коронавирус ќе се однесува исто како и четирите човечки коронавируси што беа познати пред него, предизвикувајќи блага настинка и симптоми слични на грип.
Од таа причина, вакцината против ковид-19 ќе биде „апсолутно непотребна“, рече истражувачот. Покрај тоа, не постои гаранција дека некое лице нема да се зарази со ковид-19 дури и ако се создаде вакцина, додаде тој.
Дебатата за идното создавање на вакцината против антикоронавирусот ја подели научната заедница. На пример, Виктор Зујев, експерт за вирусологија од Институтот за епидемиологија и микробиологија Гамалеи, за РТ изјави дека вакцините се корисни во смисла на приспособување на луѓето да поднесуваат разни вируси и да спречуваат понатамошни епидемии. „Никој нема смислено ништо подобро од вакцините против вирусни инфекции“, рече тој.