Коронавирус: Бјанка Добриу модел од Болоња позитивна и по 57 дена (и шест тестови)
Таа во болница била примена на 28 февруари, во Болоња со симптоми на коронавирусот. Веќе од 6 март отишла во домашна изолација. Во меѓувреме редовно правела тестови се до минатата недела кога се тестирала по 6ти пат. Сите се враќале позитивни што е мошне чудно.
– Пациентот е во ред, но тестовите се позитивни. Внимателно го проучуваме нејзиниот случај. Никој друг во Италија не бил толку време позитивен вели експертот за инфекции од Италија, Лучиано Атард.
Сега за сега никој не знае зошто нејзините тестови се секогаш позитивни. Меѓутоа Бјанка изјавила дека се чувствува добро и не се грижи што тестовите и се позитивни.
https://www.instagram.com/p/B_SOdqRpCFO/