Стадионот кој беше направен од 974 бродски контејнери во Катар за потребите на Светското првенство и кој ќе се расклопи тотално, нема да биде донесен на Косово, иако се надеваа Косовците на такво нешто, туку ќе замине на друг крај на светот во – Уругвај.
Според последните информации, Катарците веќе го расклопиле „Лего-стадионот“ и со бродови ќе биде транспортиран во Уругвај, кој заедно со Аргентина, Чиле и Парагвај е кандидат за домаќин на Светското првенство во 2030 година, како момент за да се одбележи стогодишнината од првиот Мундијал – во Монтевидео во 1930.
Уругвај ќе го склопи овој стадион кој би требало да биде дел од кандидатурата на четирите јужноамерикански земји за домаќин.