Претседателката на Косово, Атифете Јахјага, го именуваше својот правен советник Селим Селими за личен претставник во Регионалната експертска група за РЕКОМ.
До сега свои лични претставници веќе именуваа претседателите на Република Хрватска, Црна Гора и Македонија. Истото го направија и двајца членови на Претседателството на Босна и Херцеговина, додека именувањето на личниот претставник на третиот член на Претседателството се очекува наскоро.
Коалицијата за РЕКОМ и Регионалниот тим на јавни заговарачи на Иницијативата за РЕКОМ упатија повик и претседателот на Србија, Томислав Николиќ, да именува свој личен претставник во Регионалната експертска група за РЕКОМ, која својот прв состанок ќе го одржи во април 2013 година во Загреб.
Makфакс
Претседателката на Косово, Атифете Јахјага, го именуваше својот правен советник Селим Селими з