Косовското обвинителство: Не бевме информирани за наводниот обид за атентат врз Курти

Главниот обвинител на Косово Бесим Кељменди и главниот обвинител на Специјалното обвинителство Бљерим Исуфај денеска изјавија дека не биле информирани за наводниот обид за атентат врз косовскиот премиер Аљбин Курти додека бил во Скопје, пренесува Коха.

Косовскиот јавен сервис РТК денеска соопшти дека атентатот на премиерот на Косово бил планиран додека бил во Скопје.

Во нашата канцеларија нема никакво дејство во врска со таа вест“, рече Кељменди.

„Не, немам никакви информации за тоа“, рече Исуфај.

Врз основа на косовските закони, секоја институција за спроведување на законот, вклучително и Косовската разузнавачка агенција и косовската полиција, имаат обврска веднаш и без одлагање да го известат обвинителството доколку високи државни функционери се изложени на закани кои ги загрозуваат нивните животи, потсетува Коха. пренесува Косово онлајн.

Министерството за внатрешни работи на Македонија денеска демантираше дека имало обид за атентат врз Курти за време на неговиот престој во Скопје.


Пронајдете не на следниве мрежи: