Немаше да ги донесеме измените на Кривичниот законик без пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, тие направија кворум, вели во денешното гостување во Тешки муабети пратеникот на СДСМ, Мартин Костовски.
– Не знам дали имало преговори, доколку имало јас не сум бил дел од нив, вели Костовски кој додаде дека неговата улога во носењето на измените на КЗ била единствеон поддршката при гласањето во Собранието.
Како што рече Костовски, измените на Кривичниот законик се на барање на правната фела, бидејќи со години многу правници, меѓу кои и професори и адвокти барале измена на членот 353 од КЗ. Според Костовски најголема корист од измените на КЗ имаат актуелни функционери на ВМРО-ДПМНЕ, не на СДСМ и смета дека обвинувањата дека измените на КЗ се донесени поради Никола Груевски се несериозни.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.