Коциќ: Концетрациите на арсенот во почвата загрижувачки, најголеми кај целерот

Концетрации на арсенот во почвата се на загрижувачко високо ниво. Помалку концетрации има во зелката и морков, но фрапирачко висока е во целерот, во кој има 16 пати поголема концетрација од дозволеното. Ова се резултатите од анализите направени од испитувањето на нивото на загаденост на почвата во Скопскиот регион, што денеска во Скопје ги презентираше еколошкото друштво „Вила зора“.
Ненад Коциќ од „Вила зора“ рече дека проектот е спроведен во четири општини Тетово, Велес, Кавадарци и Скопје заедно со партнери од здружението „Балкански мостови“
– Направени се испитувања врз основа на препораките на експертите за она што најмногу имаа сомневање, а тоа е кадмион и арсен. Концетрациите на арсенот во почвата се загрижувачки. За жал, многу е високо присуство на арсенот во одредени испитувани растенија со помалку концетрации во зелката и во морков, меѓутоа фрапирачко високи концетрации во целерот, со негде до 16 пати поголема концетрација од дозволената, рече Коциќ.


Додаде дека одредени земјоделски производи се навистина токсични по здравјето на луѓето и оти крајно време е да се преземат конкретни мерки во смисла на намалувањето на загадувањето на почвата, а со тоа и создавање на услови за присуство на здрава храна.
На прашањето каде е забележано најголемо присуство на арсен освен во целерот, тој појасни дека се загрозени и растенијата со помали корени.
– Растенијата што имаат подлабоки корени немаат големо влијание од загадувањето затоа што корењата се длабоки и апсорбираат хранливи материи во подлабоките површини каде што загадувањето на стасува. Меѓутоа во сите градови што ги испитувавме има многу ефектирани растенија кои имаат поплитки корења, до кај 40/50 сантиметри и кои што се хранат од овој површински слој, појасни тој.
Посочи дека причината за големото пристуство на арсен е од загадување на водата и од загаденоста во околина на железара, односно тешките метали во воздухот се спуштаат и паѓаат во почвата, со дождовите одат се подлабоко и остануваат во производите што се произведуваат кај храната што ја конзумираме.
Според него, проблемот може да се реши само со намалување на загадувањето, но потребно е и да се изврши деконтаминација на почвата на повеќе начини.
Миткова од Факултет за Земјоделски науки и храна појасни дека почвата може да не биде контаминирана, но доволно е да има контаминација во воздухот или во водите, па тие контаминентите да ги донесат во почвата, а контаминирана почва бидејќи е во контакт со нивните сфери, загадувачките материи може да ги пренесат и во биосферата на растенијата, во подземните водите, и во водите за наводнување на храната.
– Почвата не е изолиран систем. Таа е во контакт и со другите сфери, и има многу функции има почвата, но една е најважна, тоа е производство на биомаса односно производство на храна. Се повеќе и повеќе имаме недостаток на храна во светот, иако некој ја фрла храната не знае што да прави со храната гледаме страшни слики на интернет, или по медиумите каде што огромен број од населението, умира токму како резултат од недостиг на храна. Ние имаме дури 12,17 отсто од непродуктивно земјиште и тоа од година во година се зголемува на сметка на обработливата површина. Затоа сериозно да и се посветиме на почвата, да ја запознаеме и да ја чуваме.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.