Кошаркарскиот судија, Милан Мажиќ, кој се најде на удар на јавноста во регионот, поради скандалозната порака објавена на Твитер, упати јавно извинување до сите Хрвати и Словенци.Мажиќ, кој 13 години го носи грбот на ФИБА, по неделната победа на Раднички над Цибона со 105:101, на Твитер напишал: „Браво Раднички. Да им покажеме на Словенците и Хрватите дека играме најдобра кошарка, иако не можеме да ја водиме и да ја организираме лигата. Па нека цркнат“.Откако пораката излезе во јавност, Мажиќ преку порталот Cosarka.com упати јавно извинување.„Сметам дека требаше да ме прашате што мислев со пораката пред да ја објавите во јавноста. Вие и јавноста ја протолкува пораката погрешно. Жаргонски во Србија се употребува „некој да цркне од мака“, а јас бев разбран дека сакам да ги убијам сите Хрвати и Словенци, што не е дел од моето воспитување. Јавно им се извинувам на сите Словенци и Хрвати кои помислиле дека сакам нешто лошо да им направам, бидејќи на такво нешто никогаш во животот не сум помислил. Национализмот не е мој стил“, порачал Мажиќ.На потег е сега раководството на АБА лигата, која изрекува парични казни за секој негативен коментар изнесен на сметка на судиите.
МакфаксКошаркарскиот судија, Милан Мажиќ, кој се најде на удар на јавноста во регионот, поради скандалозната порака обј