Коѕијас тврди дека има огромен број на закани по живот за него и неговото семејство.
-Имам добиено 800 писма со закани за мојот живот и на моето семејство. Имам добиено кутии полни со крв и ми велат ќе има крв од моето семејство. Имам добиено различни големини на куршуми. Каде е обвинителот? Ова се тешки злосторства, според грчките закони, за кои не гледам некој да реагира, рече Коѕијас во интервјуто и додаде дека ги нашол и имињата и адресите и телефонските броеви на луѓето што телефонски му се заканувале, но, обвинителот не реагирал со апсење.
Осумстотините писма за кои говореше Коѕијас и се непознати на јавноста, со оглед на тоа дека од почетокот на интензивните преговори со Македонија досега, грчките медиуми објавија за само две заканувачки писма со куршуми до шефот на грчката дипломатија, со пораки „да не го отстапи името Македонија“. Косијас сепак не соопштува од која природа се заканите и дали се работи за прашањето на името на Македонија или се работи за нешто сосема друго…