Која е девојката на победникот на Евровизија? Заедно се пет години, а тој прво нејзе ѝ призна дека е небинарен (фото)

Немо Метлер, победникот на овогодинешната Евровизија, сè уште е главна тема на јавноста, не само поради песната и интересната облека и изведбата, туку и поради тоа што е исклучително страстен за видливоста на небинарните луѓе.На крајот на минатата година Немо „излезе“ јавно, односно откри дека е небинарен на Инстаграм: „Не се идентификувам како машко или женско. Јас сум само Немо“.Инаку, тоа прво и’ го призна на својата партнерка за која не се знае многу во јавноста. Познато е дека тие се заедно пет години.,,Знаев дека можам целосно да и’ верувам. Таа веќе беше чувствителна на темата и знаев дека ме сака”, рекол Немо.„Не требаше многу напор да се отворам пред неа“, додаде тој.Инаку, Метлер во 2022 година се декларирал како пансексуалец, односно како личност која се заљубува во луѓе, а не во нивниот пол, а споменатиот портал пишува дека го привлекуваат жени, мажи и небинарни луѓе.Инаку, по признанието ништо не се сменило во нивната врска. „Нашата врска воопшто не се заснова на какви било модели,” заклучил тој.

Пронајдете не на следниве мрежи: