Која е жената на која и мавташе катарскиот шеик: Убавата Бразилка пристигна на СП со посебна причина

На интернет неодамна стана вирално видео од шеикот Хамад бин Калифа Ал Тани како и мавта на мажоретка од Бразил, а многумина се запрашаа која е жената која го прими веселиот поздрав токму пред неговата сопруга. Сега се знае. Имено, топлиот поздрав што поранешниот емир на Катар и го упати на бразилската навивачка беше во центарот на вниманието на бројни медиуми, особено поради тоа што до него гордо стоеше неговата сопруга Моза бинт Насер, која во еден момент му го фрли погледот. 

Затоа, многумина се интересираа која жена е достојна за овој „момент“.

Станува збор за 53-годишната претприемачка Дезире Соарес, која и самата има врска со светот на спортот, поточно нејзиниот сопруг, познатиот спортски новинар Галвао Буено.

Двојката пристигна на Светското првенство за да може Галвао последен пат да известува за натпреварите на Бразил, а тоа го искористија и да ја бодрат својата татковина која е голем ривал на многу репрезентации. Но, нивното доаѓање во Доха го одбележа и една друга, посебна причина – годишнината од нивниот брак.

Заедно со пријателите, парот, кој е во брак 22 години, се почести во ресторанот на турскиот месар и готвач Нусрет, попознат како Солт Бае.

Бразилката која од бракот со Галвао го има синот Лука, секојдневно споделува фотографии на својот Инстаграм профил, а не се двоуми да ја покаже својата исклучително витка линија иако навлезе во шестата деценија.

Исто така, клипот на кој и мавта катарскиот шеик не е нејзин единствен спомен од оваа земја. На последната од нив, Дезире позираше во црвен костим за капење во катарската пустина и доби многу комплименти.

Катарската пустина е една од ретките во светот каде морето го допира пустинскиот песок, што создава неверојатни сцени.

Дезире се пофалила и со посетата на Големата џамија во Доха, каде споделила неколку фотографии внатре и пред неа, позирајќи со хиџаб.


Пронајдете не на следниве мрежи: