Кој е Милан Лучиќ, момчето од порно “филмот” на Северина?

Се сретнаа и се вљубија на првиот поглед, но некој месец потоа имаа жежок 11-минутен секс на неговата скапоцена јахта. И ништо необично во тоа. Но да не беше видеото со нивниот интимен однос пуштен на Интернет, никој и немаше да знае за случката. Нели, ни први ни последни. А, тоа се тие, тогашниот мошне богатиот бизнисмен Милан Лучиќ по потекло од Херцеговина и таа Сплиќанката Северина, мега популарната пејачка. До денес остана непознато кој всушност го дал во оптек тоа домашното порно видео, дали самата Северина која од секое кликање заработи многу пари или некој кој сакаше на Лучиќ да му го уништи бизнисот? Северина не се повлече поради тој голем срам, голем медиумски скандал, продолжи уште поуспешно со пеењето, но Лучиќ потполно го снема од јавните појавувања.


Навистина во тоа време пред повеќе од 15 години Милан беше вистински тајкун, моќен бизнисмен. Не постоше позначаен бизнис во Хрватска во кој тој не беше вклучен.Сепак со текот на годините неговите бизниси почнаа да се уриваат како “кули од картите“, а тој стануваше се посиромашен. И секако не интересен за пејачките, актерките, тв водителките, манекенките, новинарките, докторките, судијките, спортистките….. Дури беше и уапсен во акцијата “Ускок“ , па добар дел од своите милиони мораше да им ги враќа на должниците. Северина поодамна не е со него во комуникации, а тогаш кога биле во врска, сопругата на Лучиќ беше во поодмината бременост, но не го напуштила несреќниот, поранешен милионер.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.