Кој е премногу страстен, а кој емотивец? Еве какви се хороскопските знаци

Без оглед на тоа дали верувате во хороскопот или не, секогаш е забавно да прочитате какви се карактеристиките кои им се доделуваат на нашите знаци.

Овен
Овенот е огнен знак познат по својата дискретност. Овенот нема да се плаши да ви ги покаже своите „највалкани“ мистерии. Единствениот проблем со него е тоа што сакаат брзо да преминат на работата, па нема премногу да се грижат доколку вие сакате да уживате во долгата предигра. Кога станува збор за преземање на лидерството, на Овенот секогаш може да сметате. Сепак, најчесто кај нив сè се одигрува брзо.

Бик
За разлика од Овните, Бикот сака да ужива во сексот. Романтичниот вовед во рамките на вечерата или вино со свеќи е совршен начин за загревање. Откако ќе се загреат, подготвени се за долга предигра затоа што тие сакаат да задоволуваат. Доколку сте романтични, Бикот е создаден за вас.

Близнаци
Близнаците ќе ја употребат сета своја интелигенција и доминантност за да ве соблечат. Дури и кога ќе успеат во тоа, ќе продолжат да ви ласкаат. Со нив сексот по телефон е совршен затоа што освен што уживаат во долгите разговори имаат и бујна фантазија.

Рак
Раковите се многу емотивни, па главно не се согласуваат на секс доколку немаат чувства кон другата личност. Сексот за нив мора да биде убав, поетичен и топол. Доколку нежноста е она што најмногу го цените во сексот, Ракот е најдобар избор за вас.

Лав
Страсните и авантуристични Лавови не можете да ги запрете. Тие секогаш ќе најдат нови начини да ве задоволат и вие да го задоволите него, но постојано ќе тежнеат по тоа да останат доминантни. Сексот со Лавот нема да може да го заборавите.

Девица
Срамежливите и внимателни Девици се опуштени и слободни во кревет. Резервираноста и приземноста не се однесуваат на нивната возбуда. Кога Девицата еднаш ќе стекне доверба во вас, нема да имате ни момент мир (барем кога станува збор за сексот).

Вага
Вагите се уметници кога станува збор за сексот. Тие сакаат да бидат во совршена хармонија со својот партнер, секој детаљ во опкружувањето да биде на место и атмосферата да биде совршена. Вагите сакаат убава долна облека, етерични масла, добра музика, а оние кои ќе се најдат со нив во кревет ќе бидат навистина задоволени.

Шкорпија
Огнените Шкорпии имаат најмоќно либидо. Нивниот сексуален магнетизам тешко може да го игнорирате. Во кревет се покажуваат како совршени љубовници кои сакаат да се задоволат и себеси, но и партнерот. Сепак, сексот неретко е единствената работа која од вас им треба, па по сексот Шкорпијата се „лади“ и може да ви се чини дека сте искористени.

Стрелец
Стрелецот е мајстор за заведување и ужива во „ловот“ на нови „жртви“. Тој постојано ја усовршува својата идеја за заведување и ги исполнува своите желби тогаш кога ќе го „разоружа“ партнерот. Тогаш на сцена настапува неговата подготвеност за секс. Доколку сакате интензивна предигра, Стрелецот е идеален избор за вас.

Јарец
Јарецот можеби делува воздржан, но во кревет неочекувано е страстен љубовник. Нему за да го направи првиот чекор потребно му е многу, трпелив е до граница на дрскост, но кога еднаш ќе стигне до кревет Јарецот ќе ја испушти цела енергија и ќе даде сè од себе за да ве задоволи.

Водолија
Доколку сакате да експериментирате во сексот, со Водолиите ќе ви биде совршено. Водолијата сака да смислува нови начини на кои може да се задоволи себеси и партнерот и во тоа непогрешливо успева. Со Водолијата во кревет никогаш нема да ви биде здодевно.

Риби
Слично како и Раковите и Рибите ќе ја ценат емотивната страна од сексот. Страст, љубов, внимание, трпение – сето тоа им е важно на Рибите. Сепак, во кревет ќе мора да направите многу работи. Рибите во текот на сексот сакаат да бидат пасивни, како и да уживаат во вниманието кое партнерот ќе им го посвети.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.