Властите во Белгија во вторникот потврдија дека официјално е идентификувано лицето за кое се верува дека уби двајца шведски навивачи во понеделникот вечерта и кое беше застрелано во вторникот наутро. Сега и официјално е потврдено дека станува збор за лицето за кое државното правобранителство го наведува само името и првата буква од презимето – Абдесалем Л.
Поради трагичниот настан во Брисел, прекинат беше квалификацискиот натпревар за Европското првенство меѓу Белгија и Шведска.
- Бројот на жртвите од земјотресот во Тибет се зголеми на 95, се пребаруваат урнатините
- Девојката на НБА кошаркарот е прогласена за Мис на САД, погледнете како реагираше тој (Видео)
- Меланија на свадбата со Трамп носеше венчаница од 25 килограми: Немала бидермаер, а веднаш рекла не на оваа понуда на Доналд! (фото)
- Кучиња скитници напаѓаат низ Скопје на студеното време
- Русија најави одмазда против Украина поради употребата на американските ракети АТАКМС
- Пет хороскопски знаци кои никогаш нема да заборават и да ви простат доколку сте ја изневериле нивната доверба
- Samsung одлучи: Ист процесор за сите
- Телеграм воведе нови функции: Подобрувањата ќе помогнат во борбата против измамите и дезинформациите (фото)
- ОБРНЕТЕ ВНИМАНИЕ: Мајкрософт ги предупредува корисниците! Windows 11 има опасна грешка што може да доведе до сериозни проблеми
Во вторникот полицијата го пронашла во кафуле во бриселската општина Шаербек, откако нешто пред осум часот добила информации од сведок, се вели во соопштението на белгиското државно правобранителство.
„Утринава нешто пред осум часот, сведок ја известил полицијата во Брисел дека го забележал наводниот извршител на нападот во кафуле во Шаербек“, се вели во соопштението.
Тој бил застрелан во престрелка, а по неколку обиди да го реанимираат, починал утринава во бриселската болница во 09:38 часот, потврди белгиското државно правобранителство.
Министерот за внатрешни работи на Белгија, Анелис Верлинден, потврди дека кај него е пронајдено автоматското оружје употребено во нападот. Анелис Верлинден додаде дека се уште не може да потврди дали сторителот на нападот дејствувал сам или имал помошници.
„Станува збор за сериозен напад на безбедноста на жителите на нашата земја. Федералното обвинителство ја истражува можноста сторителот на нападот да имал соучесници“, порача Анелис Верлинден.
Според првите елементи на истрагата, Абдесалем Л., за кој се претпоставува дека е атентаторот, е државјанин на Тунис, на возраст од 45 години, кој илегално живеел во бриселската општина Шаербек. Тој побарал азил во ноември 2019 година, кој бил одбиен една година подоцна. Но, потоа полицијата не успеала да го пронајде за да му го врачи решението дека мора да ја напушти Белгија. Полицијата го сомничи за трговија со луѓе, нелегален престој и напад на државната безбедност.
Тој е осомничен дека во понеделникот вечерта пред почетокот на фудбалскиот натпревар меѓу Белгија и Шведска убил двајца шведски државјани, кои ги носеле репрезентативните дресови, а уште едно лице е тешко рането.
Анелис Верлинден вели дека полицијата го зголемила надзорот околу шведските дипломатски претставништва. Надзорот е зајакнат и околу продавниците на шведскиот ланец за мебел IKEA.
Се претпоставува дека овој терористички напад е одговор на серијата палење на Куранот, светата книга на исламот, кои се забележани во Шведска во последните години.
Засега нема докази дека сторителот, на кој било начин е поврзан со ситуацијата во Израел и на Блискиот Исток.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.