Како Орце Камчев стана најбогат македонец и според угледниот Форбс, кој го процени на 23 милиони евра. Сега го истражува СЈО а тој и неговите најблиски соработници се зад решетки во притвор… Тој самиот во интервју пред 4 години ќе изјави дека е рано да се зборува за милијарда. Според него Систина уште тогаш вредела над 100 милиони евра.
Камчев беше кандидат за пратеник во 1998 година на СДСМ, а потоа се зближи со Мијаков. За него ќе изјави дека се другари над 20 години и дека се многу блиски, и дека ќе останат блиски засекогаш. Во тоа интервју тој ќе го фали ова другарство. А од денешна перспектива веќе знаеме дека овие два „другари“ не се мирисаат и не се ни најмалку во добри односи.
Потоа најсетне Камчев пак ќе се обиде да го смени дресот и да се врати во домицилната СДСМ преку пофалба на Заев и потпишувањето на ГРЧКИОТ ДОГОВОР…
Во видеото на 24.мк има многу детали кои го деконспирираат сево ова и го доведуваат во прашање законскиот пат на стекнување на богатствата на Камчев и другите.