Кој му се заканувал со ликвидација на премиерот?

Гледаме дека има списоци, мора да се реагира. Лани се носеа гилотини пред Собрание. За мене имате човек којшто со пушка во рака на социјални медиуми се заканува дека ќе ме убие. Сега чекам да видам што се случило со човекот. Тој има име и презиме и е од тука од земјава, но сѐ уште немам никаква информација. Кога тоа ќе помине неказнето, друг ќе види и ќе си каже: еве ова поминува неказнето, рече премиерот Димитар Ковачевски во емисијата „Студио 10“, во однос на заканите кои политичарите ги добиваат како јавно, така и на социјални мрежи.

Ќе се бара интерпелација на Илире Даути ако не го стави на дневен ред законот за бранителите
ВМРО-ДПМНЕ инсистира да продолжи заглавената процедура за измени на Законот за бранителите. Пратеничката Марија Митева денеска на прес-конференција во Собранието ги повика пратениците од СДСМ кои се членови на собраниската Комисија за труд и социјала …
Мицкоски следниот месец ќе се сретне со Еди Рама
Првиот вицепремиер Изет Меџити, изјави дека за следниот месец е договорена средба помеѓу премиерот Христијан Мицкоски и албанскиот премиер Еди Рама. Меџити не прецизираше каде ќе се одржи средбата. Ова ќе биде прва официјална средба …

Според претседателот на Владата, премногу зборуваме за надлежностите за другите.

– Постојат закони. Јас имам информација дека тој и тој со пушка на социјални мрежи се заканува на претседател на Влада. Да видиме до каде е случајот – кажа Ковачевски.

Ковачевски додаде дека закани има до жени пратенички, но и до лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

– Јас ова го зборував на лидерската средба во Собрание, а на истото се жали и лидерот на опозицијата – рече Ковачевски

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.