Десетици крави окупираа дел од Големата плажа во Улцин, што претставува необична слика пред почетокот на летната сезона.
Фотографијата ја направил читател репортер, а ја објави порталот RTCG со надеж дека таа ќе го привлече вниманието на локалните власти за решение на овој проблем.
#Ulcinj Krave zalutale na Veliku plažu
Krave zalutale na Veliku plažu pic.twitter.com/F089bRa11U— Cafe del Montenegro (@cafemontenegro) June 28, 2018
Читателот вели дека во текот на ноќта можат да се сретнат и на главниот магистрален пат Улцин – Ада Бојана – транзинт кон Албанија.
Укажува и на големиот број сообраќајни несреќи поради крави на патот.
-И грдо е да се гледа, а го загрозува сообраќајот. Можеби вашиот текст ќе помогне во решение на овој проблем, напиша читателот на порталот од најјужниот град во Црна Гора, Улцин, кој инаку е познат по убавината, особено оваа плажа и Ада Бојана.