По крунисувањето на кралот Чарлс Трети, многумина се запрашаа колку поинаку би изгледала целата церемонија и околности доколку принцезата Дијана беше жива.
Во таа насока, објавен е и неверојатно реалистичен портрет на саканата Лејди Ди, кој покажува како би изгледала денес со неколку брчки и со препознатливата кратка руса коса.
Фотографијата всушност е создадена со помош на програмата Midjourney, која е услуга за вештачка интелигенција создадена и управувана од независната истражувачка лабораторија Midjourney.
Обожавателите на принцезата Дијана се сетија на нејзиниот лик на денот на крунисувањето на нејзиниот поранешен сопруг, кралот Чарлс Трети, што се одржа во саботата.
„Вистинската кралица на Велика Британија секогаш ќе биде Дијана“, пишува заедно со фотогалерија од поранешната принцеза од Велс споделена на Twitter.
„Кралицата која никогаш не ја добивме. Каква тажна тажна приказна. Кралицата на сите наши срца“, „Принцезата Дијана е единствената вистинска кралица денес и секој ден“, беа само дел од коментарите.